Лоцирани телефоните на планинарите - со санка и хеликоптери се трага по нив

 

Денеска околу 03 часот по полноќ, во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на две лица-планинари (кои биле дел од група планинари) од Република Македонија и тоа едно машко и едно женско лице, се загубиле на Ниџе.

Настанот го пријавиле останатите членови на групата. Според нивното кажување, по кратко време откако тргнале да се искачуваат на планината од страна на Република Грција, двајца членови се изгубиле. За настанот биле известени и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и грчките погранични служби.

Набргу потоа, телефоните на двајцата планинари се лоцирани на 100 метри во територијата на Република Македонија.

Од МВР се децидни дека ова се уште е спасувачка мисија и не може да се каже дека исчезнатите лица се загинати. ќе се бараат со хеликоптер и санка, пренесе Слободен печат.

 

 

 

11.02.2018 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега