Фатени осум нелегални мигранти во возило во Гевгелија
Регионалниот центар за Гранични работи „Југ" поднесе кривична пријава против 41-годишниот Б.А. и 39-годишниот Н.А., двајцата од Кичево, поради сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти", казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.
На 09.02.2018 година околу 1 часот по полноќ во Гевгелија, при контрола на патничко моторно возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки, уравувано од првопријавениот, каде второпријавениот бил совозач, биле откриени осум нелегални мигранти од Иран, Турција, Ирак и Пакистан на возраст од 19 до 38 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа