Пешевски: Остануваме на проекциите за економски раст но ќе бидеме внимателни

 

Потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски е внимателен оптимист околу очекувањата за економските движења во државата во следниот период од годината.

- Секогаш треба да се биде внимателен. Ние остануваме на проекциите што ги имаме во однос на севкупниот економски раст, но треба да се биде внимателен. Сепак, закрепнувањето и стабилизацијата во Европската унија се уште не е на толку цврсти нозе за да бидеме сигурни. Во случајот на Македонија секогаш има период на доцнење, односно и кога почнуваше кризата, кај нас дојде малку подоцна, така што и кога ќе замине од земјите од Европската унија, кај нас закрепнувањето ќе дојде за нијанса подоцна, изјави денеска Пешевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Неодамна, Државниот завод за статистика излезе со податоци за раст на индустриското производство во јули за 3,9 проценти и за 2,2 проценти во првите шест месеци од годинава. 

04.09.2013 - 13:11
Фото: 
vmro-dpmne.org.mk

најчитано сега