Скопјанка ограбена среде улица
Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 34-годишниот З.А. од Скопје осомничен за кривично дело „тешка кражба“ што ја извршил на 15-ти месецов.
- Околу 14 часот, додека оштетената пеш се движела по булеварот „Крсте Мисирков“, З.А. и се доближил, го отворил патентот од чантата и и го одзел паричникот по што побегнал во непознат правец. На тој начин, З.А. се стекнал со противправна имотна корист од околу 5.000 денари, соопшти МВР во дневниот билтен.
По преземени мерки, З.А. истиот ден бил приведен во Полициската станица Бит-пазар и во службениот разговор го признал делото и го појаснил начинот на извршување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа