Тетовчанец се возел со пушка - полицијата веднаш го привела

Околу 11 часот и 45 минути денеска, по претходно добиени сознанија, на улицата „172“ во селото Мала Речица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко возило „Фолксфаген лупо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Р.М. од селото Горно Седларце, тетовско. 

При преглед на возилото, во торба на задното седиште, била пронајдена автоматска пушка и рамка со шест куршуми.

Р.М. e приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а обезбедено e и возилото што го управувал. 

Подоцна, во станот во кој живеел под кирија во Тетово, биле пронајдени 26 куршуми со калибар од 7,62 милиметри. 
По целосно документирање на случајот, во кооrдинација со јавен обвинител, против Р.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

20.02.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега