Прегазена жена во Гостивар, со тешки повреди итно пренесена на Клиника
Вчера околу 18 часот и 30 минути, на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко моторно возило „Опел астра“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од 21- годишниот Ф.Б од Чајле, удрило во пешакот 38- годишната А.А од Здуње.
Во соопштението од полиција се вели дека А.А. се задобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, итно е пренесена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.
21.02.2018 - 14:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа