Бурни реакции по отстранувањето на споменикот на Ќосето
Бурни реакции по отстранувањето на споменикот на Андон Лазов - Ќосето, кој пред повеќе од 3 години беше поставен пред Врховниот Суд во Скопје. Целта на рушењето не беше споменикот како предмет, кој е обележје на еден човек кој животот го посветил на Македонија, туку рушење на идејата за Македонија со сопствена историја, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. Според нив, СДСМ со овој потег манифестира примитивизам и кукавичлук.
Од СДСМ пак велат дека таканаречениот споменик што беше поставен незаконски, останува да биде симбол на насилното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Различните фрустрации на луѓето во врвот на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години се истураа врз грбот на граѓаните и врз интересите на државата. Тоа време заврши, граѓаните го поразија заедно со прогресивните демократски сили. Следува одговорност за целокупното зло нанесено врз граѓаните и државата, согласно законските процедури, за никогаш да не се повтори, се вели во соопштението од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа