СДСМ: Корупцијата е одлика на владеењето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ
По видео обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во кое тој вели дека Македонија тоне во корупција, од СДСм реагираат дека корупцијата е одлика на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
„Христијан Мицкоски ги брани криминалните политики на Никола Груевски коишто нанесоа огромна штета на државата и општеството и коишто граѓаните ги поразија. Последниот извештај на Транспаренси интернешенл се однесува на состојбите во 2017 година и ги рефлектира последиците на 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на СДСМ.
Мицкоски во видео-обраќање рече дека сегашната власт нема преземено ниту еден чекот за сузбивање на корупцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа