Момчето кое вчера беше прободено на Рекорд се уште се бори за живот

 

Се уште е неизвесна здравствената состојба на 16 годишното момче кое вчера беше прободено со нож на автобуската станица Рекорд, додека се враќало од училиште со автобусот бр. 57.
Според информациите, врз момчето веќе се извршени неколку хируршки интервенции. Според неофицијалните информации, момчето добило 3 убоди кои му нанеле тешки повреди на внатрешните органи, а едниот убод му го прободел црниот дроб.
Според информации 16 годишното дете е приклучено на апарати и се уште не е контактибилно.

Инцидентот веднаш доби димензија на меѓу-навивачка пресметка. Навивачката група Комити ги обвини ривалите Шверцери дека надвор од навивачките кодекси користеле ноќ во меѓусебната пресметка.

Неколку медиуми пишуваат дека ова не е прв инцидент и дека во последно време често се случуваат тепачки во автобуси но бидјеќи најчесто поминуваат со поситни повреди и расекотини, воопшто не стигнуваат на страниците на медиумите.

Полицијата се уште нема рассветлено ниту еден ваков случај

 

 

 

02.03.2018 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега