Филмска бркотница во Скопје: Украл возило, го бркале, па направил сообраќајка

 

Десет минути пред полноќ 29-годишниот С.Х. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата сопруга, движејќи се по булевар „Партизански одреди" застанал пред аптека и го оставил возилото да работи.

Во истиот момент позади него бил паркиран негов пријател, 20-годишниот Ф.Р.К. со патничко моторно возило „БМВ", исто така, со скопски регистарски ознаки. Во тој момент пеш по тротоарот се движеле три непознати машки лица при што едното од нив влегло во возилото и побегнало, а другите двe лица продолжиле да се движат пеш.

Ф.Р.К. со неговото возило веднаш се упатил по одземеното возило следејќи го по булевар „Св. Климент Охридски", а потоа и по булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов" каде непознатиот сторител изгубил  контрола над одземеното возило и удрил во металната ограда на тротоарот.

Сторителот продолжил да се движи и кон улицата „Костурски Херои" каде што го оставил возилото на тротоарот и побегнал. Се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

02.03.2018 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега