Полошо и од вода: Ако мобилниот ви падне во снег, веднаш направете го ова и ќе проработи
Иако има снег, посебно на големите минуси, сувиот мобилен е топол и брзо ќе го стопи снего. Освен тоа за разлика од водата, снегот брзо се лепи за мобилниот телефон.
Еве што треба да направите ако мобилниот ви падне во снег.
Брзо реагирајте
Прво и основно, реагирајте брзо. Веднаш подигнете го, и ако можете извадете ја картичката и батеријата. Завиткајте го телефонот во нешто меко. Идеални се хартиени марамчиња, но може да ви послужат и ракавиците, секако ако не се водени.
Не го тресете
Со наводенетиот телефон постапувајте што понежно. Ако го тресете, влагата може подлабоко да продре во мобилниот.
Исушете ја внатрешноста
Соберете ги евентуалните капки со тапкање со мека крпа или со марамче. Немојте да триете зошто дополнително ќе ја раширите водата.
Никако не го сушете со фен
Ако на телефонот има многу вода, обидете се тие капки да ги впиете и со тапкње да ги исчистите. Секако, држејќи ја цевката на усисивачот на оддалеченост (за да не ви влезе вода во него). Никако не употребувајте фен зошто тој ќе ја пикне водата подлабоко во телефонот. Од истата причина не е добро ниту да се дува во мобилниот.
Ориз
Ако имате, ставете го мобилниот меѓу пакетчиња силика гел. Ако немате, ќе ви послужи и оризот.
Почекајте
Краткиот спој е најлошото нешто што може да му се случи на телефонот па затоа почекајте пред да го вклучите. Што подолго чекате, тоа е подобро.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа