Удирал од возило во возило - верижен судар на магистралниот пат Велес-Штип

 

На магистралниот пат Велес-Штип, кај Лозово, вчера утрината околу 9 часот дошло до судир помеѓу три возила. 

Патничко возило „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот М.П. од Штип, удрило во патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот С.Д. од Скопје. После тоа возилото „Тојота“ удрило во патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот А.Г. (49) од Скопје. Од ударот, со повреди се здобил А.Г.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе. 

 

 

 

03.03.2018 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега