Мртов маж пронајден во близина на река во Охрид

 

Вчера во 10:30 часот на стариот пат Охрид-Струга, во близина на река Сатеска, било пронајдено непознато починато машко лице.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и притоа било констатирано дека се работи за 60-годишниот Д.С. од Охрид, кој на 07.02.2018 година бил пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга Н.С.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

 

 

 

04.03.2018 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега