Скопјанец пронашол сомнителна црна вреќа и веднаш пријавил во полиција
Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 53- годишниот Љ.А од Сопиште пријавил дека на патот од село Сопиште кон Сончев Град пронашол сомнителна црна вреќа.
Од МВР соопштуваат дека во вреќата имало 35 икони и еден дрвен (резбан) крст.
Увид извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
04.03.2018 - 12:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа