Трагедија го потресе Прилеп: Младо момче се обеси во паркот од Могилата
Трагедија ги потресе прилепчани. Младо момче си го одзема животот со бесење во паркот на Могилата, пренесе Сител.
Се работи за 18-годишниот Никола Јорданоски чие што тело било пронајдено од страна на случајни минувачи околу 22 часот. На местото на настанот веднаш пристигнале полицијата и брзата помош, но за жал, можеле само да ја констатираат смртта на момчето.
Засега не се познати причините поради кои младиот прилепчанец решил да си го одземе животот со бесење. Претходно Никола не покажувал знаци на психичка неурамнотеженост.
За период од од само неколку месеци ова е трет случај на самоубиство со бесење во Прилеп.
06.09.2013 - 09:04
Фото:
Пулс24