СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не го осуди палењето на сликата на Заев и вчерашните протести
СДСМ реагира на како што велат отсуство на осуда од страна на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот чин на палењето на сликата на партискиот лидер Зоран Заев.
„ВМРО-ДПМНЕ не само што не го осуди вчерашното палење фотографии на политички лидери, туку се најде и повикана да го брани преку соопштение, покажувајќи загриженост од осудите што целата демократска јавност ги изнесе против овој антидемократски чин.
Дали со тоа ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека стојат позади ова антидемократско дејство?
Што мисли ВМРО-ДПМНЕ, дали палењето фотографии на демократски избрани лидери е чин за поздравување или чин за осуда?“ – стои во соопштението на СДСМ.
Од СДСМ реагираат и на тоа што ВМРО-ДПМНЕ не ги осудило вчерашните протести.
„ ВМРО-ДПМНЕ одбивајќи да ги осуди демонстрациите на омраза и одбивајќи да ги осуди повиците против интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ, уште еднаш покажува дека не може да се оттргне од темното минато кое својата кулминација и завршница ја доживеа на крвавиот 27 април 2017 година“ – велат од СДСМ
СДСМ го достигна врвот на лицемерието и потценувањето на јавноста. Пред неполни две години Зоран Заев и неговите соработници аплаудираа и славеа кога се палеа фотографии од Претседателот Ѓорге Иванов. Разулавените хулигани тогаш не застанаа само на палење фотографии, туку демолираа и палеа и државни институции, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека палењето на фотографија на премиерот Зоран Заев на протестите во Австралија, било недемократски чин.
-Сега истите тие ги омаловажуваат и навредуваат Македонците ширум светот дека се примитивци и ги поистоветуваат со еден изолиран случај, само заради тоа што изразуваат несогласување со деструктивните политики на актуелната власт. Напротив, Македонците не се примитивци и имаат легитимно право да изразат револт и да се спротистават на тргувањето со највисоките национални интереси. Срамно, дури и за СДСМ, се вели во реакцијата во која беше објавено и видео на кое може да се види Заев како се смее на палењето на фотографијата на Претседателот Иванов
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа