Грчев: Никогаш не сум рекол дека македонската нација е измислена и создадена во 1943 година
Координаторот на работната група за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мирослав Грчев вечерва гостуваше наТВ дуел во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде рече дека тој никогаш не рекол дека македонската нација и јазик се измислени и создадени во 1943 година.
-Ова не е цитат, ова е злоупотреба. Јас кажав дека во рамките на југословенскиот државен проект е созадена македонската држава во која се еманципирани нацијата, јазикот и идентитетот, рече Грчев.
05.03.2018 - 21:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа