ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа граѓаните, покачување на социјалната помош нема

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на политиките на СДСМ.

„СДСМ или свесно ги лажеа граѓаните или се целосно неспособни да го реализираат ветеното. Резултатот на крајот е ист. Животот дојде за Зоран Заев и функционерите околу него, додека граѓаните преживуваат“, вели денеска Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев пред парламентарните избори во 2016 година ветуваше дека социјалната помош веднаш по преземањето на власта ќе ја покачи на 12.000 денари. Зоран Заев излажа. Година ипол по изборите и повеќе од 9 месеци по преземањето на власта од страна на СДСМ граѓаните гледаат дека се изманипулирани“, смета Попова.

 

 

 

06.03.2018 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега