Мал потрес во коалицијата на Заев и Ахмети

 

Мал потрес во коалицијата на СДСМ и ДУИ донесе вчерашниот ден и неуспехот на интегративците уште еднаш на чуден начин да го протнат Законот за јазиците низ Собранието.
И самиот Талат Џафери призна дека не добил поддршка од СДСМ за идејата амандманите на ВМРО-ДПМНЕ да не се отвораат и веднаш да се премине на гласање.
Џафери вчера во интервју за Алсат рече дека е подготвен да закаже нова седница коа ќе се усогласат партиите во македонскиот политички блок, амандманите комплетно да се отфрлат и веднаш да се гласа.
Џафери дури рече дека за тоа дал и рок од една недела.
Но рокот на Џафери практично не значи ништо, бидејќи за надминување на овој проблем ДУИ едноставно не фактор.
И самиот Џафери рече дека фали поддршката од СДСМ, што значи дека токму од партијата на Заев зависи дали ќе биде донесено ова законско решение чија постапка на усвојување отвори серија контроверзии и нелогичности.

Од СДСМ велат дека сакаат да му дадат шанса на дијалогот свесни за моментот и за тоа колку е важно Собранието да функционира со полн капацитет.

Вчерашниот ден во Собранието навести дека веќе не цветаат ружи меѓу Заев и Ахмети.
Токму лидерот на ДУИ според неофицијалните информации речи си целиот вчерашен ден во Собранието го поминал во кабинетот на Џафери, барајќи начин како да се помине Законот за јазиците. Првично закажаната седница за во 12:00 часот, по час и половина координации во владејачкото мнозинство околу 13:30 часот беше одложена за по паузата за ручек, односно по 15:00 часот.
Откако новинарите ја наполнија галеријата во пленарната сала помина и 17 часот а пратеничките столчиња останаа празни. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ стоеја пред вратата на пленарната сала чекајќи ги информациите од Џафери.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат намера да отстапат од своите позиции. Велат дека законот е неуставен и неприменлив и дека единствен начин да се отстрани блокадата од Собранието е законот да биде повлечен, доработен по во редовна постапка повторно пуштен во Собранието.

За ДУИ ова законско решение беше основен услов за коалицијата со СДСМ по последните парламентарни избори. Експертите велат дека голем дел од она со што ДУИ планира да ги провлече своите гласачи лежи токму во овој Закон, па оттука, з а очекување е интегративците, поддржани од сите албански политички партии во законодавниот дом да буткаат кон изнаоѓање решение.

Џафери рече дека различните позиции на мнозинството за ова законско решение се уште не ја доведува во прашање заедничката коалиција.

 

 

 

07.03.2018 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега