3.500 кумановски земјоделци поднеле барања за субвенции

 

Околу 3.500 земјоделци од Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барања за субвенции преку програмата за финансиска подршка на земјоделството за 2013 годдина,информираат надлежните од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Рокот за поднесување на барања за субвениции со одлука на Владата е прологиран и земјоделците ќе може да аплицираат за субвенциите  до 20 септември 2013 година.

- Земјоделците пак кои не ги подмириле обврските кон  Водостопанство и надоместокот за  пашарина имаат можност да  ги подмират долговите од минатата година и повторно да поднесат барања и да се пријават во подрачната единица Куманово, најдоцна до 31 октовмри 2013, вели Скендер Алии, соработник во Подрачната единица на ресорното Министерство.

Процентот на поднесените барања е нешто над половина од вкупниот број на регистрирани земјоделци во кумановско.

- Имајќи ги во предвид крајните рокови за поднесување ги повикуваме земјоделците навреме да поднесат барање. Подрачната единица работи во две смени и се надеваме дека ќе бидат опфатени сите земјоделци, вели Алии.

Подрачната единица на Министертвото  во Куманово ќе работи и утре  за да им излезе во пресрет на земјоделците кои ќе поднесат барање за субвенции. 

06.09.2013 - 15:54

најчитано сега