Одложен процесот Жан Моне - оваа недела лидерите нема да се сретнат во Охрид

 

За мај се одложени разговорите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание, иницирани од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, потврдија за МИА од канцеларијата на Вајгл.

Средбата, како што беше најавено, постоеше можност да се одржи од 15 до 17 март во Охрид и на неа освен пратеници од Собранието и тројцата европратеници се најавуваше присуство и на еврокомесарот Јоханес Хан. Главни теми првично на разговорите треба да бидат Деловникот за работа на Собранието и етичкиот кодекс, но претставниците на пратеничките групи во изминатиот период можеа и самите да иницираат прашања за кои би можело да стане збор на средбите.

Од партиите ја ја добиле оваа информација и велат дека причините за одложувањето на средбата е чисто техничка и лежи во пренатрупаната агенда на европските челници. Истите извори велат дека не постои пречка меѓу македонските политички партии и дека разговорите на работните групи се движат во добра насока.

Истата информација ја потврдуваат и од канцеларијата на европратеникот Иво Вајгл од каде истакнуваат дека средбата се одложува за мај само поради организациски причини.

 

Европратениците првично иницираа разговори во куќата на Жан Моне кај Париз и таа средба беше планирана за крајот на јануари. Но, поради неможност претставници на опозицијата да присуствуваат, беше одложена. Подоцна беше сменето и местото на овие средби, што треба да значат подобрување на дијалогот меѓу пратеничките групи по насилствата од 27 април минатата година во Собранието.

 

 

 

09.03.2018 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега