Тинејџер од Кратово прободен со нож се бори за живот - крвава драма на Камениот мост
Крвава драма се одвивала синоќа на Камениот мост во Скопје. Двајца тинејџери од Кратово биле нападнати и избодени со нож.
Како што дознава порталот Курир, се работи за 18-годишниот Ј.Ј. и неговиот 17-годишен другар Д.Ј. кои синоќа дошле од Кратово во Скопје за да го проследат натпреварот Македонија-Велс. Момчињата на Камениот мост биле пресретнати од страна на 17-годишните малолетници, Е.Ш. и Ј.А. од Скопје кои започнале да ги задеваат, па задевањето прераснало во физичка пресметка во која едниот малолетник извадил нож и го повредил едниот кратовчанев.
Ј.Ј. во нападот бил прободен во десната страна на градите и се наоѓа во животна опасност на Ургентниот центар. Другиот кратовец заработил неколку исекотини со нож по телото.
Полицијата трага по напаѓачите.