Две страшни несреќи во Македонија: Пожарникари го ваделе возачот од смачканото возило
Три лица се повредени во две одделни сообраќајни незгоди кои се случиле вчера на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, информира СВР Тетово.
Во незгодата што се случила во близина на крстосницата со селото Врбјане, автомобил марка „сеат-толедо“ што го управувал Б.К. од Дебар, поради неприлагодена брзина излетал од коловозот. Двајца сопатници здобиле повреди, а поради тежината на повредите едниот бил задржан во гостиварската болница.
Синоќа околу 19:30 часот, Б.Ј. од Гостивар, додека се движел од Маврови Анови кон Дебар со возило „опел корса“ во близина на Инфоценатрот загубил контрола и удрил во метален столб за улично осветлување.
Повредениот возач од оштетеното возило бил извлечен со интервенција на пожарникари, по што бил пренесен на скопските клиники.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа