ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја гуши медиумската слобода
Правдата и демократијата заминуваат од Македонија. СДСМ ја гуши медиумската слобода. Јавноста e сведок на секојдневна цензура, притисоци и закани врз медиумите во државата. Ова се обвинувањата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Власта на СДСМ декларативно се залага за демократија, но во реалноста нема ништо од тоа. Се кршат правата и слободите загарантирани со Устав без никој да сноси одговорност за тоа. СДСМ и Заев секој ден се повеќе го покажуваат својот недемократски карактер. Теророт и партиската контрола на СДСМ врз новинарството е само продолжение на теророт кој се спроведува против слободата на говор и политичките неистомисленици на оваа власт. Патриотите кои први се спротивставија на катастрофалните и антидржавни политики на СДСМ станаа жртва на политички прогон и монтирани и неосновани обвиненија за тероризам. Правосудните органи наместо да работат во интерес на демократијата и владеење на правото, работат под диктат на СДСМ. Власта ги зароби судството и обвинителството и преку нив врши политички прогон на сите кои не се согласуваат и ги критикуваат политиките на Заев и СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Политичкиот прогон кој што се спроведува во Македонија мора да запре веднаш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа