Премиерот го посети опожареното училиште во Могила

 

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски заедно со министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска престојуваа во селото Долно Српци, општина Могила, каде извршија увид на штетите и новонастанатата состојба со опожареното основно училиште „Кочо Рацин“.
  
- Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ во село Долно Српци ќе имаат ново училиште со три училници и еден кабинет. Проектот е во завршна фаза, изградбата на новото училиште ќе почне напролет, и во новата учебна година, односно на 1 септември 2014 година учениците ќе имаат целосно ново и современо основно училиште, беше посочено на денешната средба меѓу премиерот Груевски, министерот Спировски и жителите на могилското село Долно Српци.
 
Инаку, основното училиште „Кочо Рацин“ во село Долно Српци, општина Могила беше целосно оштетено по големиот пожар што се случи пред неколку месеци, и до изградбата на ново училиште, наставата во оваа учебна година ќе се изведува во друг адаптиран локален објект.

07.09.2013 - 14:51

најчитано сега