СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ја уценува демократијата - Иванов да го потпише Законот за јазици

 

ВМРО-ДПМНЕ да не ја уценува демократијата бараат од владејчката СДСМ и му порачуваат на Претседателот да не се става над Уставот

„Блокадите на Собранието значат уцени за демократијата. ВМРО-ДПМНЕ се обиде повторно со конфликт и насилство да предизвика поделби, но мнозинството граѓани ги отфрла ваквите деструктивни дејства на опозицијата.

Никој не е над Уставот, а Ѓорге Иванов е должен да извршува задачи кои му се доделени со Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ тешко функционира во слобода и демократија, тоа е несвојствено за нив, но крајно време е да се надминат себеси и во интерес на граѓаните на Република да ги напуштат политиките на омраза.“ - се вели во писменото соопштение на СДСМ.

 

 

 

18.03.2018 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега