Влегол преку тераса и украл што му дошло при рака - скопски крадец се збогати за 500.000 денари

 

Во текот на вчерашниот ден била ограбена куќа во населбата Кисела Јабука.

Крадец влегол во куќата сопственост на 58-годишниот Т.З. и одзел 4.000 евра, лични документи и карички од банка, два лап топ компјутери, мобилен телефон и разновиден накит.

Непознатиот сторител ја извршил кражбата така што насилно ја отворил балконската врата, влегол во куќата и извршил пребарување и откако ги одзел наведените предмети,  заминал во непознат правец.

Крадецот се стекнал со  500.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

08.09.2013 - 12:56

најчитано сега