Голема трагедија: Почина битолчанецот на кого му изгореа сопругата и синот

Во урнатините од опожарената куќа, почина битолчанецот Томе А. (60), неполни два месеца откако во пожар во куќата на улицата „Девејани” во Битола живи изгореа неговата сопруга Фатма А. и 17-годишниот син Дарко А, објави порталот СДК.мк.

Таткото, кој беше болен од рак, по пожарот кој избувна на 29 јануари годинава, беше префрлен во битолската болница, а побарал последните денови да ги мине во својот дом и за тоа потпишал и документ. Живеел во тоалетот кој што пожарот најмалку го оштетил.

Вчера попладнето соседите пријавиле во Итната медицинска помош и во Центарот за социјални работи дека го затекнале мртов.

 

 

 

21.03.2018 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега