По скандалот се огласи и Марк Цукерберг: Фејсбук направи грешка и треба да ја поправи

 

Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“ Марк Закерберг ја наруши тишината околу злоупотребата на личните податоци на корисниците на социјалната мрежа од страна на компанијата „Кембриџ аналитика“ и призна дека раководството на социјалната мрежа, направило грешка што ќе треба да ја поправи.

„Имаме одговорност да ги заштитиме вашите лични податоци и ако не можеме да го правиме тоа, значи дека не ве заслужуваме“, изјави Закерберг во својот прв јавен коментар откако избувна скандалот.

 

„Работев за да дознаам што точно се случило и како да направам ова да не се повтори“, рече сопственикот на „Фејсбук“.

Скандалот изби кога во јавноста се прочу дека професор од Кембриџ, создал апликација што собрала податоци од 50 милиони корисници на „Фејсбук“. Професорот тврди дека не знаел оти податоците подоцна ќе бидат употребени во корист на претседателската кампања на Доналд Трамп.

Според сознанијата, податоците ѝ биле продадени на „Кембриџ аналитика“, која ги користела за правење психолошки профили по што на корисниците им биле прикажувани приспособени реклами и вести во корист на Трамп со цел да се влијае на резултатот на изборите за претседател во 2016 година, без нивна согласност.

Европскиот парламент, по примерот на британскиот Парламент, вчера го повика основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, да го објасни користењето на личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа од страна на компанијата „Кембриџ аналитика

 

 

 

21.03.2018 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега