Мртов маж пронајден во Маврово
Во понеделникот околу 20 часот во село Маврово кај местото Казане, бил пронајден мртов маж.
Имено, станува збор за 66-годишниот А.З. од село Врбјане.
Тој бил пронајден од страна на 30-одишниот Д.Д. и 56-годишниот Д.С. двајцата од село Маврово, со кои А.З. бил договорен да одат на лов.
Од страна на лекар била констатирана смрт и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
22.03.2018 - 10:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа