Коѕијас оствари средба со лидерот на ДУИ

 

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска оствари средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.

Претходно, Коѕијас се сретна со претседателот на Собранието, Талат Џафери, на што претходеа и одвоени средби со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, и со премиерот Зоран Заев.

Коѕијас на средбите со Заев и Димитров изрази задоволство од досегашниот напредок во решавање на спорот за името. Конкретно, на оваа тема двајцата министри за надворешни работи ќе расправаат на 30 март во Виена, каде што ќе остварат заедничка средба со медијаторот Метју Нимиц, кој од двата нацрт-предлога на Грција и Македонија за името треба да направи еден, прифатлив за двете страни.

По завршувањето на средбата со Ахмети, грчкиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

23.03.2018 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега