Мицкоски по средбата со Коѕијас: решението за кое преговара македонската влада треба да ги запазува државните интереси

 

Заврши средбата помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас, информираше Мицкоски на својата Facebook страница. На средбата биле афирмирани официјалните ставови и позициии на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со спорот за името.

Од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека решението за кое преговара македонската влада треба да ги запазува државните и националните интереси. Врз основа на тоа, претседателот Мицкоски на средбата изразил  загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативни чувства кон Република Македонија. Тој истакнал дека истите не се од помош на целокупниот процес

 

 

 

23.03.2018 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега