Огромна трагедија во Скопје: 22-годишно момче почина на лице место
Во 14 часот и 15 минути вчера на автопатот кај клучка Стајковци, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Б.А. од Скопје, изгубило контрола и удрило во метална ограда и бетонски ѕид.
Од здобиените повреди, возачот починал на местото на настанот. Од ударот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобила и 49-годишната Х.А. од Скопје. По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охродски“, Х.А. била пуштена на домашно лекување, додека14-годишното девојче било однесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде била задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
За време на увидот од 14.50 до 18.00 часот сообраќајот бил пренасочуван.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа