ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазици ќе донесе дополнителни поделби на народот
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираат на Законот за јазици и политиките на СДСМ.
Интегрален текст:
Законот за двојазичност беше донесен шверцерски и насилнички начин од страна на владеачкото мнозинство. При носењето на законот беа прекршени голем број процедури и беше укинато основното право на пратениците да предложат, да дискутираат и да гласаат за своите амандмани.
Законот за двојазичност е против уставен и неприменлив и ќе создаде дополнителни поделби во македонското општество по сите основи. Одлуката на претседателот да не го потпишува Законот за двојазичност е целосно исправна и државничка одлука во интерес на сите граѓани на Македонија.
Македонските гласачи не гласаа за спроведување на точки од платформи потпишани во соседни држави кои ќе придонесат кон нови поделби помеѓу граѓаните.
Граѓаните во огромен број се спротивставуваат на ваквото законско решение. Законот ги надминува рамките на уставот.
Заев уште еднаш ги излажа граѓаните кога ја потпиша изјавата кај Претседателот Иванов во која се обврза дека ќе биде гарант на уставниот поредок и нема да носи закони кои ќе бидат спротивни на уставот.
Сите лаги на СДСМ и Заев, се обидуваат да ги затскријат со нови лаги и монтирани обвиненија против оние кои први предупредија кое е вистинското лице на Заев и неговата партија.
Патриотите и уставобранителите кои се обидоа да ги заштитат македонските национални интереси и нашиот Устав беа првите со кои ова антидржавна власт се пресмета. Ова лудило мора да запре. Патриотите кои застана во одбрана на државата мора да бидат ослободени.
Обвинителството мора да почне да се бави со гонење на вистинските криминалци од кои голем дел во овие моменти се наоѓаат во владата. Судот пак мора да се ослободи од стегите на власта, а судиите да најдат доблест наместо политика да спроведуваат правда, велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа