ВМРО-ДПМНЕ: Мостот проект на Коце Трајановски кој СДСМ сака да го прикаже како свој
СДСМ се обидува проектот кој што беше содржан во програмата на Коце Трајановски на последните локални избори да го прикаже како свој. Мостот кој ќе ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, низ населбата Ќерамидница не беше споменат во програмата на Шилегов, туку беше дел од програмата на Трајановски. Ова е уште еден показател дека СДСМ нема ниту визија, ниту способност да реализира свој проект.
Петре Шилегов освен што наследи конкретни планови, проектни документации, тој наследи и полна каса од над 20 милиони евра во буџетот на Град Скопје, но за жал освен празни зборови нема никакви конкретни активности, а уште помалку отпочнување на реализација на ветувањата кои тој ги даваше.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа