ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот врз пратеникот Горан Милевски

 

Насилството не е решение и ВМРО-ДПМНЕ осудува секаква примена на сила вклучувајќи го и вчерашниот инцидент во кој бил нападнат пратеникот, Горан Милевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ бара МВР и надлежните органи во најбрз можен рок да го решат случајот со цел да не се фрла темна дамка врз граѓаните кои го користат своето уставно загарантирано право на протести и мирно и демократски го изразуваат своето негодување за антидржавните политики на СДСМ, се наведува во соопштението од партијата.

Оттаму додаваат дека без разлика дали мотивите за инцидентот се лични или политички, МВР мора да го открие сторителот.

 

 

 

26.03.2018 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега