Лика: Во Влада ќе влезе само оној кој ги прифаќа нашите услови

 

Вратите на Владата се отворени за сите политички партии, тврди вицепремиерот од редовите на ДУИ, Хазби Лика. Тој вчера изјави дека во владината коалиција има „за“ и „против“ приклучување на сите помали политички партии во извршната власт.

Но, денеска прашан од ТВ21 – дали е против вклучувањето на ДПА, Алијансата за Албанците или к Движењето БЕСА во Владата, Лика одговори:

 Од Алијанса за Албанците пак, велат дека исто како и првиот ден кога влегле во Владата, условите повторно ќе бидат услови, а не барања, доколку бидат дел од преговарачката маса. Според Кренар Лога, иако вратите на „Илинденска“ се отворени, сѐ ќе зависи од условите кои ќе бидат понудени.

Од ДПА, не сакаа да коментираат за тоа дали ќе седнат на преговарачката маса за влез во Владата, ниту пак сакаат да ги изнесат во јавност нивните услови за приклучување на парламентарното мнозинство.

 

 

 

28.03.2018 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега