ВМРО-ДПМНЕ: Има ли друг премиер во Европа за кој со докази е документирано дека барал поткуп?

 

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил и ќе остане на страна на народот и на страна на Македонија, за разлика од Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев е на страна на криминалот, а тоа го виде целата јавност преку сведочењето дека бесрамно барал мито од едно евро за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата, по метар квадратен, стои во реакцијата на партијата и се додава:

„Затоа СДСМ нема образ и бега од одговор на прашањата: Со кој кредибилитет Зоран Заев мисли понатаму да ја води државата? Има ли друг Премиер во Европа за кој со докази е документирано дека барал поткуп? Уште од колку бизнисмени во Струмица е побаран поткуп? Дали Премиерската функција ја користи за да го продолжи истиот принцип на работа?“.

 

 

 

28.03.2018 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега