Мисајловски: Владата на СДСМ почна јавно да ги фали проектите на ВМРО-ДПМНЕ

 

„Добро е што владата на СДСМ почна да ги набројува проектите во инфраструктурата што ги започна ВМРО-ДПМНЕ и ги прикажува како свои.

Добро е што владата на СДСМ почна јавно да ги фали проектите на ВМРО-ДПМНЕ поготово во инфраструктурата, иако со години не кажа ниту еден добар збор за ниту еден инфраструктурен проект. Конечно оваа влада со набројување дека ќе ги продолжат инфраструктурните проекти самата потврди дека ВМРО-ДПМНЕ била на одличен правец и со одлични политики во делот на инфраструктурата“, рече Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

29.03.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега