ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов нема ниту еден проект во овие 5 месеци со кој ќе се пофали пред граѓаните
Добро е тоа што Шилегов сака да си игра градинар и да сади качунки и кокичиња, исто како што нема ништо лошо и во неговата желба да биде диџеј и да организира журки за поместување на една автобуска станица. Се е тоа во ред, доколку го прави во слободно време, но граѓаните очекуваат конечно и да сработи нешто за тоа за кое што е платен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Петре Шилегов во овие 5 месеци не изработи апсолутно ништо. Нема ниту еден проект со кој ќе се пофали пред жителите на Град Скопје. Градската администрација предводена од Петре Шилегов освен што се занимава со стопирање на речиси сите проекти започнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи и изградба на улици, булевари, паркови, водовод и канализација, речиси ништо друго нема понудено па затоа садење на трева, одбележување на паркинг места и отворање на автобуска постројка за него се врвен дострел, стои во реакцијата на партијата и се додава:
„Петре Шилегов станува најнеспособниот и најнеуспешен градоначалник на Град Скопје. Ако во првите 5 месеци вака се однесува и се грижи за интересите на граѓаните тогаш разочарувањето од ден на ден е се поголемо“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа