Проширување на парламентарното мнозиноство тема на денешната средба Ахмети - Заев
Премиерот Зоран Заев денеска остварила средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави ТВ24 повикувајќи се на партиски извори. Проширувањето на парламентарното мнозинство било тема на разговор на средбата. Се разговарало за други актуелни политички прашања. Од ДУИ официјално ја потврдиле средбата,средбата во партиското соопштение по состанокот на нивниот лидер со амбасадорот на Германија во Македонија, на која Ахемти кажал дека пред да почнат разговорите за проширување на мнозинството првично ќе бидат разгледани политичките и идеолошките определби на аспирантите да се приклучат на парламентарното мнозинство. Повеќе детали за оваа средба се очекуваат од партиските лидери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа