Данев: Нема амбиент пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собрание

 

Нема амбиент пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во Собранските клупи, тврди координаторот Драган Данев за „Макфакс“, бидејќи според него, се уште се чувствува притисок на секој чекор од страна на власта.

„За ова одлука треба да донесат партиските органи. Во недела има закажано седница на Централниот комитет, но не знам за што ќе се расправа. Има аргументи за да се вратиме, но и да не се вратиме. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има преговори со владеачката партија во однос на реформите кои треба да се спроведат“, вели Данев за „Макфакс“.

За тоа дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара со претседателот на Собранието, Талат Џафери, за нивното враќање во Собранието, Данев вели дека нема што да разговараат со него, бидејќи за нив, тој останува нелегитимен претседател.

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува во работата на Собранието бидејќи 12 отсто од нивните пратеници биле во притвор. Ова на прес-конференција, пред три месеци го соопшти лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој додаде дека со нивното ослободување од затворски притор, опозицијата ќе се врати во Собранието.

 

 

 

30.03.2018 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега