СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години го криеше бројот на вработени во државната и јавната администрација

 

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога бројот на лица вработени во државната и јавната адиминстрација се криеше од јавноста, Владата предводена од СДСМ за првпат јавно го објави вкупниот број на лица вработени во администрацијата, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ со години ги користеле времените вработувања за масовно вработување на партиски кадри од страна на ВМРО-ДПМНЕ и партизација на администрацијата.

„Започнатиот процес на реформа и ослободување на администрацијата од страна на Владата предводена од СДСМ, обезбедува стручна, отворена и независна администрација и професионални институции коишто работат во служба на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ останува доследна на воспоставените принципи на отвореност и транспарентност и одговорно продолжува со спроведување на мерките што градат професионални и независни институции“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

31.03.2018 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега