ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието - ќе бараат интерпелација за Владата

 

ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе одлука пратениците да се вратат во Собранието, откако отсуствуваа од седниците поради притворите за пратениците за настаните од 27 април.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, најави дека веднаш ќе поднесат интерпелација за работата на Владата.

- “Првиот чекор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде покренување на прашање за гласање на недоверба на владата, затоа што од она што досега видовме се работи за влада со изгубен кредибилитет, влада која не работи за граѓаните и ја турка државата во амбис. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  во детали ќе изложат аргументи зошто оваа антинародна и антидржана влада треба што поскоро да замине. Колку побрзо толку подобро за државата. Поразите станаа секојдневие, а голиот популизам нејзино обележје, во реалноста народот живее многу полошо. Оваа криминална влада станува запаметана како најнеспособната досега од осамостојувањето на Република Македонија”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека во финална фаза се преговорите за реформските закони при што е постигната согласност за поголемиот дел на закони.

 

 

 

01.04.2018 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега