ВИДЕО: Со 15 сантиметри штикла се „скрши“ на сцена
За време на својот концерт пејачката Кери Андервуд, која носела штикли високи 15 сантиметри не успеала да ја задржи рамнотежата по што паднала од сцената. Да биде уште пострашно Кери си „заработи“ гипс на левата нога кој ќе мора да го носи извесно време. Но сепак кај нејзе не згасна смислата за хумор, па на својот Facebook напишала:
„Се сеќавате ли кога на сцената една девојка падна на задник? Урнебесно! О, да тоа бев јас“, на шега вели пејачката.
Само кратко време по концертот, таа објави фотографија од својата нога во гипс, наведувајќи дека ова успеа да го направи, иако не била под дејство на алкохол.
10.09.2013 - 11:09