МВР и за овој 1. Мај со полни раце работа - засега уапсени 15 лица кои тргувале со културно наследство

Како што Пресс24 објави утринава, полицијата денеска спроведува голема акција против недозволена трговија со културно-историското наследство. Според последните информации, засега се приведени 15-тина лица.

Како што потврдуваат од МВР, меѓу приведените две лица се вработени во Управата за заштита на културното богатство. Апсења се спроведуваат низ повеќе градови во земјава, но главно во Скопје и во Кавадарци.

Според првичните информации, во домовите на приведените пронајдени се поголем број артефакти и икони.

Од МВР најавуваат повеќе информации во текот на денот.

најчитано сега