Статистика: Во август повисоки трошоците на живот

 

Денеска Државниот завод за статистика објав дека трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август во однос на јули  годинава се повисоки за 0,3 проценти, а споредено со август лани за 2,8 проценти.

Во август во однос на јули оваа годинја пораст на трошоците на живот е забележан во групите: транспорт за 1,8 проценти, храна и безалкохолни пијалаци и мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун, рекреација и култура и останати стоки и услуги за 0,1 проценти. Статистика евидентира намалување на трошоците на живот во групите: облека и обувки за 0,2 проценти и домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0,1 процент. 

На ниво од претходниот месец останаа трошоците за групите: здравје, комуникации, образование и ресторани и хотели.

10.09.2013 - 13:08
Фото: 
Дневник

најчитано сега