Потпишани договорите за кофинансирање на инвестиции во земјоделството

 

Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска се потпишаа договорите за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година.

Договорите се склучени со вкупно 204 корисници, претежно за набавка на примарна земјоделска механизација, односно 175 договори се однесуваат на набавка на трактори, а останатите 29 за приклучна механизација.

Најголем број од барателите се индивидуални земјоделски производители, но меѓу корисниците има и земјоделски стопанства.

Според директорот на Агенцијата, Тони Димовски, интересот кај земјоделците секоја година е се поголем пред се за набавка на примарната земјоделска механизација. - Освен оваа механизација која се кофинансира преку Националната програма за рурален развој, исто така се овозможува набавката на механзација да биде возможна и преку програмата ИПРАД за која огласот е во тек, истакна Димовски пред потпишувањето на договорите.

На новинарско прашање за пролонгирањето на рокот на огласот за ИПАРД програмата, Димовски информира дека тоа е сторено по барање на земјоделците.

- Отворен беше јавен повик во период кога се одвиваа годишни одмори. Веројатно заради обезбедувањето на потребната документација им излегуваме во пресрет на барањето на зeмјоделците. Рокот е пролонгиран до крајот на овој месец, појасни Димовски. 

10.09.2013 - 14:41

најчитано сега