Заев се сретна со швајцарскиот амбасадор Стефано Лаѕарото

 

Делегација од СДСМ, предводена од Претседателот на партијата, Зоран Заев, во рамки на редовните контакти со претставници на странски држави во Република Македонија, оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Стефано Лаѕарото, информираат од СДСМ.

Како што информираат од партијата, на средбата се разгледале деталите за севкупната помош од Швајцарија за Република Македонија.

 

Претседателот на СДСМ искажал задоволство и благодарност за целокупната поддршка на Швајцарија за Република Македонија и оценил дека токму Швајцарија е еден од најсериозните поддржувачи на најзначајните реформски процеси во нашата земја.

 

-Ние како политичка партија исклучително ја цениме оваа поддршка, особено во развивањето на локалната демократија и децентрализација на власта преку Форумот на заедниците како и поддршката на Швајцарија на низа капитални проекти ширум Македонија, посочил Заев.

 

Дополнително, соопштуваат од СДСМ, на средбата било истакнато дека за СДСМ од голема важност е помошта при реализацијата на новиот проект ја јакнење на парламентарната демократија, преку Парламентарниот институт на Собранието на РМ.

 

 

 

 

10.09.2013 - 14:50

најчитано сега