Села не сака да му носи бурек на Заев
Иако премиерот Зоран Заев неодамна повтори дека разговара со сите албански партии за влез во Владата, ова го негираат од Алијанса за Албанците.
Од оваа партија велат дека нивниот став е јасен дека АА не е дел од актуелните разговори и пазарења за влез во оваа Влада.
“Ние на Конгресот јасно ставивме до знаење дека нема да бидеме дел од оваа владина структура. Гледаме во последно време дека Заев спомнува дека разговарал со сите партии, но тоа не важи за нас. Со такви манипулации се занимаваат и неколку македонски медиуми, но со манипулациите се оди до таму дека, наводно, сите албански политички партии се за власт и дека никој нема да остане надвор од владата “, вели за новинската агенција Ина, претставник на партијата.
Претседателот на АА, Зијадин Села, истакна дека нивната партија има за цел да победат на изборите и да бидат дел од идната Влада, по изборите, кои треба да биде предвремени во Македонија.
Алијансата за Албанците излезе од Владата кога Заев реши да не им го даде Министерството за здравство откако од таму Таравари си поднесе оставка бидејќи стана градоначалник на Гостивар. Заев му предложи друго министерско место но Села рече дека не сака да има „министер за носење бурек“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа